Висла Плоцк замина од Битола со победа 28-25 во 11. коло од Б групата на лигата на шампионите, а Словенцот Митја Зарабец смета дека тие имале среќа што домашните голмани не се разбраниле.
„Атмосферата во Битола е една од најдобрите во Европа. Тешко е против Пелистер на гости. Денеска имавме малку повеќе среќа, а од почеток игравме наш ракомет. Нивните голмани не се разбранија. Ракометот е таков – денеска ние бевме подобри. Незнам како играат тука екипите под таков притисок од трибините, вели Митја Зарабец, бекот на Висла Плоцк.
Сега Полјаците се сигурни патници во осминафиналето на ЛШ.
„Оваа сезона е подобра за нас, одиме меч по меч. Денеска беше важно да направиме разлика во однос на конкурентите. Нашата екипа е добра, имаме врвни играчи, но знаеме дека на терен мора сè да покажеме. Денеска покажавме многу, но мораме да бидеме уште подобри. Направивме грешки, а Пелистер го искористи тоа. Ќе беше тешко ако влезевме во таа фаза, смета Зарабец.

























