Македонскиот првак Еурофарм Пелистер ги пушти во продажба билетите за натпреварот од седмото коло во Лигата на шампионите против ПИК Сегед во Битола.
Цените на билетите и за овој натпревар се стандардни како и на досегашните домашни средби во елитната конкуренција – 450 и 550 денари.
Продажбата ќе се одвива онлајн ТУКА и на стандардните места за продажба на билетите за домашните средби на битолчани.
Пелистерци имаат шанса со бод(ови) на оваа средба да се вклучат во посериозна битка за осминафинале во Лигата на шампионите.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ПИК Сегед се игра в среда, на 12 ноември во салата „Боро Чурлевски“ со почеток од 20:45 часот.
























