Македонија и Словачка ќе одиграат два меча во средината на мај во последната ЕХФ недела за оваа сезона и ќе одлучат која селекција ќе се пласира на СП 2027 година во Германија.
Избраниците на Кирил Лазаров ќе бидат фаворити во овој двомеч, но ќе треба тоа да се покаже на терен.
Првиот меч ќе се игра на гостински терен во Словачка, а тамошната федерација допрва треба да го потврди градот-домаќин на овој дуел на 13/14 мај.
Последните репрезентативни натпревари Словаците ги играа во Братислава, Кошице, Бистрица…па многу веројатно во некој од овие градови би бил и дуелот со Македонија.
Во комбинација би можеле да бидат и Хлоховец и Тополчани, но ќе почекаме за официјална потврда.
Реваншот, како што веќе објави 24Ракомет, ќе се одигра на 17 мај во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19:00 часот.
























