Европската ракометна федерација ги потври термините и саатниците за натпреварите од групната фаза во Лигата на Европа.
Единствениот македонски претставник Вардар ќе игра во група со шведскиот Кристијанштад, францускиот Тулуз и хрватскиот Сесвете.
Стартот на „црвено-црните“ ќе биде на домашен терен против хрватскиот состав предводен од Жељко Бабиќ.
Во последниот натпревар, кој може да биде многу важен околу пласманот во главната рунда, Вардар ќе го пречека Тулуз.
Своите домашни натпревари, Вардар ќе игра во СЦ „Јане Сандански“.
Лига на Европа, групна фаза, распоред на натпревари:
14.10.2025, 18:45, Вардар – Сесвете
21.10.2025, 18:45, Тулуз – Вардар
11.11.2025, 18:45, Кристијанштад – Вардар
18.11.2025, 18:45, Вардар – Кристијанштад
25.11.2025, 20:45, Сесвете – Вардар
02.12.2025, 20:45, Вардар – Тулуз


























