Екипите на Охрид и Целје ги потврдија термините за полуфиналните натпревари од ЕХФ Европскиот Куп.
Првата пресметка од макеоднско-словенечкиот двобој ќе се игра во Целје на 25 април, а допрва ќе биде позната саатницата.
Реваншот ќе биде на програмата на 2 мај, в сабота, во СРЦ „Билјанини Извори“, која сигурно повторно ќе биде полна до последното место.
Охрид досега запиша осум победи на осум натпревари во ЕХФ Европскиот Куп, во четвртфиналето го елиминира Олимпијакос, додека Целје беше подобар од романскиот Бузау.









