Словенечкиот интернационалец Гал Цирар, кој неодамна го раскина договорот со Охрид, веќе ја избра следната дестинација.
Десното крило во иднина ќе настапува за австрискиот тим Холабрун, кој важи за македонска колонија.
Таму ќе соработува со некогашниот македонски репрезентативец, а сега тренер на Холабрун, Влатко Митков.
Во Холабрун настапуваат и македонските интернационалци Филип Арсеновска и Хари Павлов, а таму игра и екс играчот на Охрид, Рудолф Сафранко.
Цирар пред да дојде во Охрид во 2023 година настапуваше во словенечките Тримо Требње и Јерусалем Ормож.