Eден од најголемите фаворите за место во Супер лигата следната сезона, Бисинов од Велес, стартуваше со победа во прволигашкиот плеј-оф.
Велешани славеа на гостувањето кај составот на Шампион со 29-26, а победата беше најавена уште на стартот кога поведоа со 6-2.
До крајот на паузата гостинските ракометари ја задржаа предноста од четири погодоци, 15-11, а во вториот дел само рутински ја одработија задачата.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше искусниот Ивица Илиев со седум гола, а уште шест додаде Никола Димитров. Во составот на Шампион, залудни беа 14 гола на Стефан Огненовски.
Во следната рунда Шампион ќе и гостува на Македонија Ѓорче Петров, додека Бисинов го чека незгодно гостување во Радовиш.