Репрезентацијата на Бахреин испиша историја и за првпат стана шампион на Азија, откако славеше во финалето против Катар со 29-26 по продолженија.
Бахреин претходно имаше пет порази во финалињата (2010–2022), но сега конечно стигна до титулата по неверојатен пресврт.
На крајот од регуларниот дел, мечот заврши 24-24, по што Бахреин имаше подобар ритам во продолженијата и го оствари историскиот успех.
Во полуфиналето, Бахреин беше подобар од Јапонија со десет гола разлика, 35-25, додека Катар по продолженија славеше против Кувајт со 27-26..
Со овој резултат, Бахреин ја прекина доминацијата на Катар на азиската сцена, бидејќи Катар имаше освоено шест титули по ред од 2014 до 2024 година.
Бахреин, кој е под водство на Швеѓанецот Роберт Хедин, пред Азиското првенство настапи на „Жолтиот Куп“ и загуби од Македонија, Швајцарија и Украина, но на сите три меча покажа добра игра.

























