Хрватскит шампион Загреб веќе почна да го планира составот за наредната сезона во која ќе влезе со големи амбиции.
Според „Handbalia“, Загреб веќе го пикирал словенечкиот голман Урх Кастелиц, кој настапува за бундеслигашот Лемго.
Кастелиц во минатото беше дел од Загреб и доколку потпише за нив би направил камбек во хрватската престолнина.
Tој потекнува од Целје, во Словенија беше дел од Слован и Марибор, на кратко бранеше и во ПИК Сегед, потоа три сезони во Загреб, пред да замине во Гепинген.
Во 2022 година се пресели во Лемго и ја одработува третата сезона во овој клуб.


























