Загреб со квартет засилувања

Хрватскиот првак Загреб го затвори летниот преоден рок и дваесетина дена пред стартот на новата сезона го комплетира тимот кој ќе атакува на највисоките цели во домашното и европското натпреварување.

Прво засилување беше Игор Карачиќ, легендарниот хрватски репрезентативец и едно од најголемите имиња во историјата на хрватскиот ракомет, но и легенда на Вардар. Неговото враќање во Загреб е вистински потег кој го подигна моралот и очекувањата на клубот.

Но, Карачиќ не е единственото засилување. Клубот донесе уште четворица интернационалци – од Белорусија, Србија и Грузија.

По заминувањето на легендарниот Тимур Дибиров, Загреб ја засили левата крилна позиција со Стасислав Садовски, белоруски репрезентативец кој доаѓа од СКА Минск. Тој минатата сезона ја прекина доминацијата на Мешков Брест и стана шампион на Белорусија, а претходно беше дел од ЦСКА Москва, со кој се закити со титула во Русија.

На десната страна конкуренција за Филип Главаш ќе бидат Матеја Додиќ и Алекса Туфегџиќ, двајца српски репрезентативци.

Додиќ, роден во Врање, започна во Металопластика Шабац, а ова лето пристигна во Загреб по успешен настап во младинските и дебитантски настапи за сениорската репрезентација на Србија.

Туфегџиќ, пак, потекнува од Црвена Звезда, а интернационална кариера градеше во Словенија (каде што беше најдобар стрелец во лигата) и во унгарскиот Чурго, пред ова лето да потпише за Загреб.

Последното летно засилување е Гиорги Сковребадзе, 24-годишен грузиски репрезентативец кој игра на позицијата десен бек. Тој првпат се појави на голема сцена со деби во дресот на Монпелје, а потоа настапуваше за Винтертур и Гумерсбах. Во Загреб пристигна на крајот од подготовките и ќе ја дели минутата со Лука Ловро Кларица.

Со овие потези, Загреб ја заокружи летната трансфер-операција и во новата сезона влегува со амбиција да ја задржи доминацијата во Хрватска и да направи силен чекор напред во Лигата на шампионите, каде што ќе игра и против Еурофарм Пелистер.