Загреб со големи проблеми пред гостувањето во Битола

Ракометарите на Загреб ја завршија француската турнеја без резултатски впечаток – два порази од Нант и реми со Ѓер. Она што најмногу загрижува е фактот дека во сите три средби примиле над 30 гола, што е аларм пред стартот на Лигата на шампионите.

Тренерот Андрија Николиќ во новата сезона е без тројца клучни играчи – Срна, Мандиќ и Дибиров, кои се ненадоместливи во ротацијата. Сега дополнителен удар е тоа што повредениот Ивано Павловиќ нема наскоро да се врати, а проблеми има и Белорусинот Садовски (грб) и крилото Матеја Додиќ.

„Имаме премногу црни минути, правиме грешки во серија и тоа се плаќа. Но верувам дека ќе бидеме подготвени за Лигата на шампионите,“ изјави Николиќ за „Спортске Новости“.

Загреб во петок ќе ја отвори сезоната во домашното првенство против Трогир, а на 10 септември го чека вистински тест – гостување кај Еурофарм Пелистер во Битола. Хрватоте потенцираат дека македонскиот шампион е мотивиран и засилен, па хрватскиот првак ќе мора да најде решение за дупките во одбраната ако сака позитивен старт во ЛШ.

Хрватите доааат во Македонија во понеделник, со цел да имаат повеќе време за одмор и тренирање.