Хрватскиот шампион Загреб стартуваше победнички во новата сезона, откако славеше на домашен терен против Трогир со 39-18.
Дебитираше Игор Карачиќ со три гола од три обиди, а прв меч одигра и десниот бек Гиорги Совребадзе и даде четири гола.
Не настапија повредените крила Садовски и Додиќ, додека камбек на теренот имаше Давор Чавар, кој беше најдобар стрелец со девет гола.
Голманите Грбавац и Суљевиќ комбинираа 15 одбрани и покажаа дека заминувањето на Мандиќ нема да се почуствува.
Загреб в понеделник доаѓа во Македонија, ќе престојува во Охрид, а в среда е првиот меч во Лигата на шампионите против Еурофарм Пелистер.