Хрватскиот првак Загреб влегува во продолжението од сезоната со нов тренер, пред последните две средби од Лигата на шампионите.
Тренерот Андрија Николиќ, кој ја започна сезоната на клупата на хрватскиот првак, поднесе оставка по осмиот пораз по ред во елитното европско натпреварување.
Раководството на клубот брзо реагираше и за нов предводник го назначи искусниот хрватски стручњак Ненад Шоштариќ.
Тој е познат по своите резултати во женскиот ракомет и со долгогодишно тренерско искуство на меѓународно ниво, а кратко го водеше Загреб во минатото.
Загреб го чека гостување кај ПИК Сегед, а потоа на 3 декември натпревар на домашен терен против Еурофарм Пелистер.
























