Загреб по 14 години го враќа своето „дете“

Некогашниот хрватски репрезентативец Мануел Штрлек по три сезони ќе си замине од Нексе Нашице и ќе се врати во Загреб.

Според пишувањата на „Спортске Новости“, Штрлек ќе биде едно од новите засилувања за Загреб, кој сака да формира силен ростер за наредната сезона.

37-Годишниот Штрлек потекнува од Загреб, во кариерата ги носеше дресовите на великани од типот на Келце, Веспрем, Фуксе Берлин…а сега се по 14 години се враќа во клубот од каде што потекнува.

Претходно Загреб го продолжи договорот со Главаш, ги донесе голманот Кастелиц, Ќешко, Калараш, Николиќ…