Загреб купи двајца голмани во два дена!

Хрватскит шампион Загреб веќе почна да го планира составот за наредната сезона во која ќе влезе со големи амбиции.

Нов чувар на мрежата е словенечкиот голман Урх Кастелиц, кој доаѓа од бундеслигашот Лемго и стави потпис на договорот од летото 2026 до 2028 година.

Кастелиц во минатото беше дел од Загреб и доколку потпише за нив би направил камбек во хрватската престолнина.

Tој потекнува од Целје, во Словенија беше дел од Слован и Марибор, на кратко бранеше и во ПИК Сегед, потоа три сезони во Загреб, пред да замине во Гепинген. Во 2022 година се пресели во Лемго и ја одработува третата сезона во овој клуб.

Во текот на вчерашниот ден Загреб го промовира Сандро Мештриќ, кој ќе брани до крајот на оваа сезона, а од претходно клубот го има триото – Анте Грбавац, Харис Суљевиќ и Тони Матошевиќ.