Европскиот првак Магдебург ја запиша седмата победа во седмиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите. Момците на Бенет Вигерт славеа против Загреб со 27-22, иако во првиот дел имаа мали проблеми против хрватскиот шампион кој ќе почека за првите бодови оваа сезона.
По почетните 4-4, Магдебург почна да се одлепува, имаше плус четири 9-5, но дозволи Загреб да се врати на гол негатива до паузата, 10-9.
На стартот на второто полувреме погодуваа Клар, Лагегрен, Кристјансон и Саугструп за 14-9 и уште тука го решија прашањето на победникот.
Во продолжение Бергендал доби црвен картон но тоа не беше голем проблем за Магдебург, домашните отидоа и на највисоки осум гола предност и до крајот немаше дилеми околу победникот.
Бартолд даде шест гола за победникот, а пет имаше Лагергрен, додека кај Загреб се истакна Главаш со седум погодоци.

























