Загреб го задржа Главаш до 2029 – донесе уште две засилувања!

Хрватскиот шампион Загреб заврши одлична работа и го продолжи договорот со репрезентативното десно крило Филип Главаш.

Тој стави потпис на нов договор и ќе остане во хрватската престолнина најмалку до 2029 година, иако за него имаше интерес од Бундес лигата.

Покрај Главаш, Загреб промовираше и две засилувања – хрватските репрезентативци Златко Раужан и Диано Нериш Ќеско.

Раужан се препорача со одличните партии во Сесвете и потпиша договор до 2029 година, додека средниот бек Нериш Ќеско се согласи на соработка до 2030 година.