По заминувањето на Андрија Николиќ од клупата на Загреб, негов наследник е трофејниот стратег Велимир Петковиќ.
Единствениот хрватски првак досега, денеска го промовираше новиот стратег кој по ЕХФ неделата ќе го има своето деби на жешкат аклупа.
Негов последен ангажман беше на селекторската функција во Русија, која ја водеше три години, а ја однесе на две големи натпреварувања.
Најголем дел од кариерата Петковиќ помина во Бундес лигата, каде работеше во екипи како Вецлар, Гепинген, Ајзенах и Фуксе Берлин.
Сега ќе го води Загреб во Лигата на шампионите, а хрватскиот првак има мали шанси за место во осминафиналето.