Левиот бек од Египет, Абделрахман Абду, е нов ракометар на хрватскиот шампион Загреб и ќе ги брани боите на овој клуб до 2027 година.
Абду ова лето го имаше првиот интернационален предизвик и потпиша за францускиот првак ПСЖ, но таму не добиваше премногу шанса од Стефан Мадсен.
Договорот што го имаше со „светците“ беше спогодбено раскинат, па немаше пречки за Абду да дојде во хрватската престолнина.
Тој потекнува од Каиро, од 2016 година играше за Ал Ахли, а кратко ги бранеше боите на Ал Араби од Катар и Ал Мудар од Саудиска Арабија.

























