Тренерот на Загреб, Велимир Петковиќ, во интервју за „Германијак“ потврди дека Милош Кос во иднина нема да го носи дресот на хрватскиот првак.
Тој се суспендиран од клубот по физичкиот напад над Матеј Мандиќ, кон него е поднесена и кривична пријава, па тешко е за верување дека ќе заигра ракомет сезонава.
„Веќе правев планови за наредната сезона, бидејќи тоа беше основниот договор при моето доаѓање – оваа сезона некако да ја ‘преживеем’, а за следната да направиме план и да бидеме конкурентни во Лигата на шампионите. Тука го гледав Кос, мислев дека го имам како прв бек, но сега заминува“, разочарано изјави тренерот на Загреб.
Раководството на хрватскиот тим веќе не го гледа Кос како дел од клубот и бара начин да се откаже од неговите услуги што поскоро. Проблем во овој момент е откупната клаузула која изнесува 200.000 евра, па Загреб може добро да заработи од заминувањето на Кос.