За Сесвете играњето во Лига Европа е „бонус“ – за две недели доаѓа во „Јане Сандански“

Хрватскиот клуб Сесвете ќе биде еден од ривалите на Вардар во групната фаза од Лига Европа и на 14 октомрви ќе гостува во „Јане Сандански“.

Тренерот Игор Вори, кој на клупата го замени Жељко Бабиќ, вели дека настапите во европските купови се „бонус“.

„Европските натпревари се бонус за нас. Наш фокус е на хрватската лига. Европа ти дава шанса да те види некој, да можеш да живееш од тоа, но тоа не е наш прв приоритет. Европа е награда – играјте опуштено и уживајте. Ритамот среда-сабота е тежок, но тоа мора да се издржи психички“, вели Игор Вори.

Вори дојде на местото на Жељко Бабиќ кој замина откако претходно со клубот обезбедија место во групната фаза од Лига Европа и беа подобри во двомечот со Дуго Село.

Покрај Сесвете и Вардар, во истата група од Лига Европа се уште и Тулуз и Кристијанштад. Сезоната почнува на 14 октомрври.