За првпат во клупската историја на меѓусебните дуели, европскиот првак Магдебург, успеа да слави на гостување кај каталонскиот гигант Барселона.
Магдебург по заслуга на голманот Сергеј Ернандез, кој одбрани пенал на Баруфет по истекот на времето, победи среде „Блауграна“ со 22-21.
Бундеслигашот можеше многу порано да го реши прашањето околу победникот откако водеше со 21-18 на осум минути до крајот.
Сепак почнаат да грешат гостите, Јанц и на два пати Н’гесан погодуваа и Барса беше во егал, 21-21. Кристјансон беше стрелец на побендичкиот гол кога се играше 57 минута од мечот.
Потоа и Магнусон промаши пенал, им даде шанса на домашните, но и Јанц не реализира. Клар згреши, па уште една шанса имаше за каталонците, но овојпат Баруфет не го погоди пеналот и радоста на Магдебург можеше да почне.
Гомез даде седум гола за Барса, а голманот Нилсен имаше 13 интервенции, додека кај победникот, голманот Ернандез запре 15 удари на Барса, а шест гола постигна Магнусон.