За нашинците во Хрватска и околината – гледајте ја Македонија за 14 евра во Пореч

Во тек е продажбата на билети за пријателскиот натпревар меѓу Хрватска и Македонија на 28 декември, објавија од ХРС.

Цените на билетите кои може да се купат онлајн ТУКА, се движи од 14 евра до 45 евра во зависност од местото на седење во салата.

Ова е убава можност за Македонците кои живеат во Хрватска или во околината да го следат овој меч и да им ја дадат поддршката на нашите ракометари пред Европското првенство 2026 во Данска, Норвешка и Шведска.

Натпреварот меѓу Хрватска и Македонија се игра во салата „Жатика“ во Пореч на 28 декември од 20:30 часот.