Тимот на Аеродром ја забележа третата победа во новата сезона од Првата лига откако славеше против Партизан Гевгелија со 33-31.
Иако домаќините тргнаа силовито и поведоа со 5-0, па 7-1, на крајот сепак мораа да се „вадат“ и со два гола во финишот да ја потврдуваат победата.
На паузата беше 18-13 за избраниците на Митко Стоилов, но како одминуваше времето така гевгеличани се враќаа во игра и имаше драма во финишот.
Партизан израмни на 31-31 преку Пејковски, но потоа гостите промашија пенал, па Марковски и Божиновски беа прецизни и ја запечатија победата.
Токму Божиновски со девет и Марковски беа најдобри стрелци со девет, односно седум гола, а кај гостите премалку беа 15 гола на Пејковски.

























