За Македонците пак дерби: Николов и Начевски ќе судат Франција – Египет!

Свветската ракометна федерација ги објави делегирањата за двете четвртфинални средби што се играат денеска.

Најдобрата судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе го суди дербито на четвртфиналните двобои меѓу Франција и Египет.

Овој натпревар се игра во „Загреб Арена“ со почеток во 21:00 часот, а претходно ќе биде пресметката меѓу Хрватска и Унгарија.

Николов и Начевски на стартот на СП судеа во данскиот Хернинг, потоа во главната рунда беа во Осло, а сега дојде ред и на Загреб.