Ракометната федерација на Македонија и клубовите што се натпреваруваат во суперлигашкиот плеј-оф и оние кои се пласираа на завршницата во Купот на Македонија, му излегоа во пресрет на македонскиот претставник во финалето на Европскиот Куп.
Тимот на Кирил Лазаров ќе се бори за европски трофеј против грчкиот АЕК Атина, по триумфот на гости со 29-25, го очекува реванш на 25 мај во Скопје.
Тоа значеше одложување на Ф4 турнирот во Купот на Македонија, но и на три меча од плеј-офот што треба(ше) да ги играат „сино-белите“.
Купот ќе се игра на 31 мај и 1 јуни, првиот слободен викенд по европските настапи, а домаќин ќе биде Охрид.
Настанаа големи претумбации во плеј-офот, па само натпреварите од последното коло ќе се одиграат во еден викенд.
Супер лига, плеј-оф, распоред:
7 коло (17/18 мај)
Вардар – Бутел Скопје 37-30
Еурофарм Пелистер – Охрид 33-29
Тиквеш – Алкалоид, 28 мај
8 коло (24/25 мај)
Охрид – Вардар
Бутел Скопје – Тиквеш, 21 мај
Алкалоид – Еурофарм Пелистер, 3 јуни
9 коло (3/4 јуни)
Тиквеш – Вардар
Алкалоид – Охрид, 5 јуни
Еурофарм Пелистер – Бутел Скопје, 23 мај
10 коло (7/8 јуни)
Охрид – Тиквеш
Вардар – Еурофарм Пелистер
Бутел Скопје – Алкалоид