Вујовиќ освои трофеј со Катар

Легендарниот Веселин Вујовиќ освои нов трофеј во богатата тренерска кариера во која беше дел во три наврати од Вардар, а ја водеше и Македонија.

Вујовиќ со репрезентацијата на Катар славеше во Арапскиот Куп што се играше во Кувајт, а во финалето беше совладан Бахреин со 25-22.

Претходно Катар славеше против Египет, кој имаше комбиниран состав, но и Катар на Вујовиќ беше со изменет ростер со дури девет нови ракометари во однос на оние што играа на СП 2025.

Покрај Катар, Бахреин и Египет, на Арапскиот Куп, кој се одржуваше во Кувајт, настапуваа и Саудиска Арабија, Ирак, Тунис, Мароко и ОАЕ.