Македонија на Европското првенство во Германија беше поразена во првото коло од Франција со 39:29.
Избраниците на Кире Лазаров покажаа квалитетна игра против „триколорите“, посебно во првиот дел,, но искуството пресуди во второто полувреме.
Некогашниот тренер на Вардар и селектор на Македонија, Веселин Вујовиќ, имаше позитивни комплименти за работата на Лазаров, истканувајќи дека шанса треба да добиваат помладите.
,,Лазаров направи добра работа, па така доколку знаете дека пласманот во втората фаза е нереален, дајте им шанса на помладите играчи, така и вие како селектор и тие како играчи ќе бидат побогати за едно големо натпреварување. Така се прави залог за иднината. Ги гледав ракометарите на Македонија, играат многу убав ракомет. За подобар резултат им недостасуваат неколку покрупни играчи, за да можат физички да им се спротивстават на посилните репрезентации. Ќе уживаат во тоа што го прават на првенството и тоа е одлична работа”, изјави Вујовиќ за „Балкан Хендбол“.
Македонија вториот натпревар на континенталниот собир ќе го одигра против Германија на 14 јануари во Берлин.
Последен ривал на Македонија во рамки од групната фаза ќе биде репрезентацијата на Швајцарија.