Откако на СП 2023 во Полска и Шведска ја водеше селекцијата на Иран, Веселин Вујовиќ на СП 2025 ќе предводи уште една азиска репрезентација – Катар.
Катарците почна со подготовки порано од сите други, првата фаза ја одработија во Хрватска, до Нова Година ќе бидат во Доха, каде одиграа две средби со Аргентина, а ги чека уште една со Бахреин пред да се преселат во Словенија, каде ќе тренираат до стартот на СП.
Вујовиќ во интервју за „Oслобоѓење“ вели дека Катар може до главната рунда на Мундијалот, а очекува таму да се пласира и Македонија.
„Имавме многу време за подготовки за разлика од европските селекции. Ќе видиме како сме работеле, иако групата ни е комплицирана. Тука е вечниот ривал од Азија, Кувајт. Па Австрија, селекција која е во подем во последните неколку години и Франција, за која не треба се трошат зборови. Сепак се надевам дека можеме да стигнеме до вториот круг, но ако поминеме без бодови тогаш е лимитиран некој сериозен пласман. Нашиот план е да ги добиеме Австрија и Кувајт и да одиме понатаму со два бода. Хипотетички, во главната рунда треба да бидат и Македонија, Холандија и Унгарија, а тоа се селекции на кои можеме да им парираме, па ќе видиме што ќе биде“, вели Вујовиќ.
Катар во третата фаза од подготовките ќе играат против Словенија и Алжир, пред да се преселат во Пореч, каде ќе ги играат натпреварите од групата на СП 2025.