Вујовиќ и Брновиќ најдобри во Црна Гора за 2025 година

Ракометната федерација на Црна Гора ги избра најдобрите ракометари и ракометарки за годината што полека изминува.

Најдобар ракометар од Црна Гора што игра во странство е членот на Динамо Букурешт, Бранко Вујовиќ, додека кај дамите лауреат е пивотот од ЧСМ Букурешт, Татјана Брновиќ.

Најдобри црногорски ракометар и ракометарка од домашното првенство се Александар Гленџа од Будванска Ривиера и Јелена Вукчевиќ од Будуќност.

Меѓу младите за најдобри беа избрани Милош Тујковиќ од словенечкиот Слован Љубљана и Мартина Кнежевиќ од Будуќност.