Вујовиќ е минато за Партизан, на излезна врата и „нинџа“

Некогашниот среден бек на Вардар и Металург, Стеван Вујовиќ, не е повеќе ракометар на српскиот шампион Партизан.

Екс црногорскиот репрезентативец имаше договор со „црно-белите“ до 2026 година, но двете страни решија да се разделат една година порано.

Тој дојде во Белград од романската Баја Маре, но очигледно не ги задоволи вкусовите на раководството на Партизан.

На излезна врата од Партизан е и иранската „нинџа“ Сеид Хеидарирад. Голманот имаше одличен старт на авантурата во Белград, неколку одлични партии, но во финишот на сезоната не блескаше.

„Моцарт Спорт“ пишува дека тој бил најплатениот во тимот, а во Партизан летово дојде и Андреј Трнавац, па решиле дека Хеидарирад е вишок во тимот.

Голманската двојка во српскиот првак ќе ја сочинуваат Трнавац и младинскиот репрезентативец Никола Зориќ.