По Дона Маркоска, тимот на Овче Поле Славјански Универзитет промовираше уште две засилувања пред стартот на новата сезона.
Станува збор за Елена Вучевска и Наталија Манева, кои прават камбек во Свети Николе по настапите во Штип.
Кружниот напаѓач и средниот бек доаѓаат во својот матичен клуб, откако минатата сезона ја одиграа во тимот на Астибо, со кој играа во плеј-офот од Женската лига.
Женската лига во претстојната сезона би требало да се игра по нов систем, но тоа допрва треба да биде потврдено од РФМ.