Репрезентацијата на Норвешка ќе добие нов селектор по Европското првенство 2026, откако ракометната федерација одлучи да не му го продолжи договорот на актуелниот стратег Јонас Виле.
Договорот на Виле истекува на 1 јули 2026 година, а по настапот на континенталниот шампионат беше донесена одлука соработката да не продолжи.
Норвешка беше еден од домаќините на Европското првенство, заедно со Данска и Шведска, но шампионатот го заврши на деветтото место. Скандинавската селекција имаше неколку важни играчи надвор од тимот поради повреди, а настапуваше и во исклучително тешка група во Хернинг.
Во таа група пред Норвежаните завршија Данска, Германија, Франција и Португалија, што делумно може да биде оправдување за конечниот пласман.
Сепак, норвешката стручна јавност и ракометната федерација не забележаа посакуван напредок во играта на репрезентацијата под водство на Виле, ниту пак веруваат дека тимот би направил значителен исчекор во иднина со него на клупата.
Норвешка е втората репрезентација што ќе направи селекторска промена по Европското првенство 2026. Претходно селектор смени и Франција, која го замени Гијом Жил со Талант Душебаев.
























