Втор трофеј за пет дена за Барса

Еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во групната фаза од Лигата на шампионите, Барселона, го освои трофејот на Иберискиот Супер Куп, во кој играат по две екипи од Португалија и Шпанија.

Избраниците на Антонио Ортега во драматично финале по изведување на пенали ја совладаа екипата на Спортинг Лисабон со 35-34.

Ова беше втор трофеј за каталонскиот гигант во пет дена, откако во средата триумфираа над Гранољерс во Супер Купот на Каталонија.

Регуларниот дел заврши 31-31, но каталонскиот гигант покажа нерви од челик во пенал-рулетот и ја обезбеди победата. Херој на Барса беше голманот Виктор Халгримсон, кој го запре последниот удар на тимот од Лисабон.

Барса го освои четвртиот трофеј во четири изданија досега на Иберискиот Супер Куп.

Во дуелот за третото место, Порто го совлада Адемар Леон со 28-23 и се закити со бронза.