Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ја очекува вториот натпревар на Европското првенство во Црна Гора.
Ривал на избраничките на Симе Симовски ќе биде селекцијата на Полска, која исто како и Македонија стартуваше со пораз.
Европскиот првак Унгарија беше пресилен за Македонија, додека Полска неочекувано загуби убедливо од Чешка.
Евентуална победа над Полска, ја остава Македонија во трка по главна рунда, додека пораз ќе значи разигрување за пласман.
Натпреварот меѓу Македонија и Полска се игра во 14:30 часот во „Бемакс Арена“, а судијки ќе бидат Рената и Бруна Кореа.
ЕП младинки, 2 коло, распоред на натпревари:
12:00 Австрија – Турција
12:00 Исланд – Литванија
12:00 Шпанија – Фарски Острови
14:30 Македонија – Полска
14:30 Швајцарија – Финска
14:30 Португалија – Словенија
17:00 Данска – Црна Гора
17:00 Хрватска – Холандија
17:00 Германија – Романија
19:30 Унгарија – Чешка
19:30 Франција – Норвешка
19:30 Србија – Шведска
























