Женската кадетска репрезентација на Македонија загуби вторпат на Европскиот олимписки фестивал, овојпат од Швајцарија со 33-20.
Слично како и против Исланд, така и против Швајцарија, лошиот почеток го диктираше целиот натпревар.
Негатива од 6-1 на стартот и веќе беше јасно каков тек ќе има овој натпревар. На паузата беше 16-10, а вториот дел противникот го одработи само рутински.
Најдобри стрелци во македонскиот состав беа Ристовска со пет гола, како и Димоска и Балоска со по четири погодоци.
Утре избраничките на Даниела Новеска го играат третиот натпревар од 16:00 часот во СЦ „Јане Сандански“ против Норвешка.