Бундес лигата остана без главниот спонзор, откако компанијата Даикин го раскина договорот за главно спонзорство пред истекот на истото, повикувајќи се на турбуленции на германскиот енергетски пазар.
Спогодбата за соработка и спонзорство беше склучена во 2024 година на две години со опција за уште три, а вредеше околу 5 милиони евра годишно за вклучување на името на спонзорот во името на лигата. Иако и лигата и компанијата тврдат дека дел од целите биле постигнати уште во првата сезона, Даикин реши да се повлече.
Според „Кикер“, причината е длабоката криза на германскиот пазар за греење. Продажбата на системи на нафта и гас, по слабата 2024, во првата половина од 2025 паднала за 81%, покажуваат податоците на германската асоцијација за грејна индустрија. И покрај продадени 139 илјади топлински пумпи, бројката е далеку под целта на германската влада – 500 илјади годишно од 2024.
Бундес лигата веќе започна постапка за наоѓање нов главен спонзор.

























