По триумфалниот старт на главната рунда на ЕП и победата над Португалија, Германија славеше со пресврт во вториот дел над Норвешка со 30-28 и со шест бода е прва на табелата со огромни шанси за полуфиналето, иако допрва треба да игра со Франција и Данска.
Човек на одлука беше Андреас Волф, кој запре дури 22 удари на Норвежаните од 50 обиди или 44% успешност. Во првиот дел подобри беа момците на Јонас Виле, водеа и со четири гола на стартот, 7-3, а на паузата беше 17-15 за Норвешка.
Но одличната одбра на стартот на второто полувреме на чело со Волф, кога дозволија само два гола од Норвежаните беше клучна за триумфот. Германија ја стопи негативата набрзина, поведе со 26-21 на стартот на последните десетина минути.
Виле побара тајм-аут, неговите избраниците успеаја да намалат до минус два, имаа две шанси за минус еден, но Волф се испречи пред нив, Гргиќ потоа казни и немаше веќе дилеми околу победникот.
Гргиќ беше најдобар стрелец кај Германија со седум погодоци, по пет дадоа Цербе и Гола, додека кај Норвешка триото Сагосен, Педерсен и Гуликсен реализираа по пет пати во германската мрежа.


























