Волф им фати сеир на Србите – одмаздата се сервира ладна!

Андрес Волф, голманот на германската репрезентација им фати сеир на српските ракометари по нивната елиминација од ЕП, но со право.

Волф реагираше на социјалните мрежи по германската победа над Шпанија, а триумфот на Австрија над Србија.

На Србите за место во ТОП 12 им требаше победа на „фуријата“, но тоа не се случи и „панцирите“ ќе играат во главната рунда и тоа со два бода на контото.

Волф очигледно не го заборавил начинот на кој српските играчи ја прославија победата над Германија, особено Вања Илиќ кој извика „auf wiedersehen“ или во превод збогум, на што Дејан Милосављев му потенцираше да не го прави тоа.

„Збогум од Хернинг и здраво главна рунда (Австрија, го повлекувам тоа што реков)“, напиша Волф во описот на видеото и го сподели на Инстаграм.

Претходно Волф ги критикуваше Австријците дека играат „анти-ракомет“, но сега им заблагодари за помошта на соседите.