Војводина сака во Лигата на шампионите!

Српскиот шампион Војводина во сезона 2022/23 ја освои титулата во третото по ранг европско клупско натпреварување – Европскиот Куп, следната сезона се пријави за настап во Лигата на Европа, но клубот од Нови Сад не постигна забележителни резултати, успеа само да ја мине групната фаза.

За оваа сезона Војводина треба да ја одбрани титулата на домашна сцена, со цел да може да се пријави за настап во ЛШ во сезона 2025/26.

Тренерот на Војводина, Борис Ројевиќ, во интервју за српскиот портал „Спортски Журнал“ зборуваше за успесите на Војводина во изминатите две сезони, амбициите и плановите за ЛШ.

,,За почеток, буџетот мора да биде најмалку двојно поголем за да можеме да се натпреваруваме со најдобрите клубови во Европа. Пред сѐ, Војводина мора повторно да биде шампион на Србија за да имаме некоја цел во Лигата на шампионите. Но, мора да истакнеме дека ќе биде многу тешко да ја одбраниме титулата, бидејќи Партизан двојно го зголеми буџетот и направи добар тим”, изјави Ројевиќ.

Војводина во минатата сезона ја освои титулата во националниот шампионат, но го загуби Куп трофејот од Партизан.