Актуелниот шампион на Србија, Војводина, по двата освоени трофеи, едниот во Супер Купот на Србија, другиот во „Сесрпскиот Куп“, беше спуштена на земја уште во 1. коло од српскиот шампионат.
Избраниците на Борис Ројевиќ во првиот натпревар од најквалитетното натпреварување на Србија на свој терен беа поразени од најголемиот ривал за титулата, тимот на Партизан, со два гола разлика, 30:28.
За составот предводен од Ројевиќ ова беше голем кикс,кој може скапо да го чини, па така раководството на клубот одлучи да се раздели со левото крило Стефан Сунајко.
Освен на домашна сцена, клубот од Нови Сад ќе учествува во Европа, поточно во Лигата на Европа.
Војводина годинешната авантура во второто по ранг европско клупско натпреварување ќе ја стартува против Нексе Нашице.