Војводина најде замена за Ројевиќ – на жешката клупа седнува Матиќ!

Српскиот шампион Војводина најде замена за Борис Ројевиќ, кој си замина од клубот по седум сезони.

Според „Моцарт Спорт“, на жешката клупа во Нови Сад ќе седне Владан Матиќ, кој по кратка пауза се враќа во српскиот ракомет.

Тој две сезони ја водеше Металопластика, пред лани летото да замине во унгарскиот Чурго, кој викендов ќе го води за последен пат.

Иако имаше договор со Чурго до 2026 година, сепак се договори со раководството за предвремен раскин на договорот и без проблем ќе може да ја води Војводина.

На новата работна позиција би требало да дебитира веќе во вторник, кога во Нови Сад ќе гостува бундеслигашот Мелсунген во рамките на Лигата на Европа.