Српскиот вицепрвак Војводина од Нови Сад ја најде за кратко време замената за голманот што го избркаа, Филип Ивиќ.
Голот на Војводина наредната сезона ќе го брани белорускиот чувар на мрежата Вјачеслав Салдаценка.
Ивиќ не ни заигра за Војводина, а доби отказ поради посета на концерт на контроверзниот хрватски пејач Марко Перковиќ Томпсон.
Според „Моцарт Спорт“, Салдаценка потпишал договор на една сезона, со можност да биде продолжен за уште толку ако двете страни се задоволни од соработката.
Тој доаѓа од швајцарскиот тим Цирих, каде играше заедно со македонскиот интернационалец Мартин Поповски.
Салдаценка во татковината бранеше за СКА Минск и Мешков Брест, а потоа беше дел од романските Констанца, Одорхеи и Бакау.