Војводина на шопинг во Македонија – ги промовира Ивиќ и Срдановиќ

Српскиот вицепрвак Војводина, кој оваа сезона го загуби приматот од Партизан, се обидува да држи чекор со засилувањата на големиот конкурент.

Тимот од Нови Сад ги официјализираше трансферите на двајцата ракометари, за кои одамна се знаеше, но сега добија потврда – Марко Срдановиќ и Филип Ивиќ.

Левото крило Срдановиќ оди во Нови Сад по две сезони минати во скопски Вардар, со кој освои два трофеја во Купот на Македонија.

Голманот Филип Ивиќ по само една сезона во шампионот Еурофарм Пелистер заминува во Војводина, откако освои титула со битолскиот клуб.

Војводина остана без голманот Трнавац, па веднаш беше ангажиран Ивиќ, додека Срдановиќ ќе биде замена за Сеса, кој се пресели во бундеслигашот Вецлар.