Еден од најголемите таленти, средниот бек Стефан Додиќ, наскоро би можел да се врати на ракометните терени.
Младиот ракометар и актуелен член на Војводина, кој ја пропушти минатата сезона, пред една недела се повреда на натпреварот во Супер купот на Србија.
Тој се судри со Вељко Поповиќ од Партизан и остана да лежи на паркетот во финишот на првото полувреме, а потоа го напушти теренот.
Според информациите на српските медиуми, младиот ракометар заработил повреда на зглобот, но не станува збор за нешто посериозно.
Екс членот на Металург, Вардар и Охрид, најверојатно на почетокот на месец октомври би му се приклучил на тимот од Нови Сад.