Младинскиот репрезентативец на Србија, Лука Роган, од следната сезона ќе игра во најсилната лига на светот и ќе биде дел од екипата на Лајпциг, пишува „Балкан Хендбол“.
Иако Роган има активен договор со клубот од Нови Сад, сепак, бундеслигашот е подготвен да плати оштета од 80.000 евра за услугите на перспективниот ракометар.
20-годишниот Роган е дете на Војводина, од сезона 2018/19 настапува на европска сцена, а минатата сезона, во која неговиот тим го освои трофејот во Европскиот Куп, постигна 34 погодоци.
Најголемиот успех на репрезентативно ниво го има постигнато со младинската репрезентација на Србија освојуваќи ја бронзата на младинскиот континентален собир во Португалија (2022).
Младиот пивотмен беше до деби настап на Европското првенство во Германија, но поради големата конкуренција отпадна од финалниот список.