Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денеска го игра петтиот натпревар од Лигата на шампионите.
Битолчани ќе му гостуваат на хрватскиот првак Загреб, кој веќе освои три бода по триумфот над Колстад и ремито со Алборг.
Натпреварот од петтото коло во елитното натпреварување меѓу Загреб и Еурофарм Пелистер ќе се игра во „Арена“.
Почетокот на овој дуел е од 18:45 часот, а ќе може да го гледате ТУКА и ТУКА.
*за да го следите мечот преку ЕХФ ТВ ќе ви биде потребна регистрација во неколку чекори.