ВО ЖИВО: Еурофарм Пелистер – ПИК Сегед

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес во рамки од 8. коло од Лигата на шампионите ќе играат против ПИК Сегед.

Овие две екипи се сретнаа минатиот викенд во Сегед и дуелот заврши со победа на унгарскиот вицепрвак од 34:26.

Пелистерци ќе се обидат да се покажат во уште подобро светло и со помош на публиката да дојдат до освојување на првите бодови во елитата.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ПИК Сегед ќе се одигра со почеток од 18:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“, а може да го гледате ТУКА и ТУКА.

Правдата на теренот ќе ја делат браќата Карим Гасми и Рауф Гасми од Франција, додека делегат ќе биде Алин Сергиу Чирлигеану од Романија.