Десниот бек од Црна Гора, Вук Лакичевиќ, во новата сезона ќе има нов предизвик на меѓународната сцена.
23-Годишниот црногорски интернационалец ќе ги брани боите на тимот од Обединетите Арапски Емирати – Мелиха.
Лакичевиќ како голем талент дојде во Струга пред пет сезони, имаше одлични партии, а потоа замина во швајцарскиот Сент Гален.
Таму не доби голема прилика, па се врати на Балканот, каде играше за босанскиот Горажде, потоа се врати во татковината во Ловќен, а минатата сезона беше дел од унгарскиот ПЛЕР Будимпешта.