Во ракометна арена ќе се одржи СП во пливање!

Организаторите на Светското првенство во водени спортови во 2027 година ја одредија арената за пливањето и ватерполо турнирот – „МВМ дом“ во Будимпешта. Таа е позната како место каде се играат ракометни мечеви и е место на одигрување на Ф4 турнирите во Лигата на шампионите во женска конкуренција.

Арената беше отворена кон крајот на 2021 година и има максимален капацитет од над 20.000 гледачи, а за потребите на првенството ќе бидат достапни околу 12.000 места.

Кога беше пуштена во употреба имаше многу критики во Унгарија дека се потрошени над 200 милиони евра за нејзината изградба, а токму тогаш машката репрезентација на Унгарија не успеа да стигне во завршницата на ЕП 2022.

„МВМ дом“ веќе е позната спортска локација – во неа се одржале неколку Европски првенства во ракомет, Ф4 во Лигата на шампионите, како и концерти на големи музички имиња како Ајрон Мејден и Џенифер Лопез.

Светското првенство во водени спортови ќе се одржи во периодот од 26 јуни до 18 јули 2027 година.